До почетокот на финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем остана уште неполн час, а Клоп и Покетино ги одредија фудбалерите кои ќе стартуваат од првата минута на „Ванда Метрополитано“.
Освен што Кеита е повреден, сите останати му се на располагање на германскиот стратег, што значи дека убиственото трио Салах-Мане-Фирмино ќе биде главното оружје на Црвените. Во средината од комбинација отстапи Милнер, така што Фабињо ќе командува со капитенот Хендерсон и Вајналдум. Одбранбената линија е без изненадувања, Ван Дајк и Матип се стоперите, Александер-Арнолд и Робертон ќе „гризат“ по двете аут-линии.
Покетино ќе смета на својот капитен Хари Кејн, кој вршеше напори да закрепне навреме за овој меч. Англискиот голгетер ќе биде најголема закана за Алисон, а ќе го разигруваат Сон и Али по бочните позиции. Сисоко и Винкс ќе му бидат поддршка на Ериксен во средината, а голот на Љорис ќе го бранат Алдервирелд и Вертонген, заедно со Роуз и Трипие.
Официјални состави:
Ливерпул(4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Салах, Фирмино.
Тотенхем(4-2-3-1): Љорис, Трипие, Алдервирелд, Вертонген, Роуз, Сисоко, Али, Ериксен, Сон, Мура, Кејн.