Тренерот на Барселона, Ханси Флик, донесе интересна одлука со тоа што не ги вклучи Роналд Араухо и Феран Торес меѓу стартните единаесетмина за вечерашниот прв четврфинален меч од Лигата на шампионите. Посебно изненадува отсуството на Торес, кој се наоѓа во одлична форма на последните неколку меча.
Нападот на Барселона ќе го предводи поранешниот напаѓач на Дортмунд, Роберт Левандовски, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за гостите да го запрат својот поранешен соиграч.
Тренерот на Борусија, Нико Ковач, се одлучи за очекуван состав кој ќе се обиде преку брза транзиција да ја искористи високата поставеност на одбраната на Барселона.
Барселона: Шченсни, Кунде, Кубарси, Мартинес, Балде, Педри, Де Јонг, Јамал, Лопес, Рафинња, Левандовски
Борусија Дортмунд: Кобел, Антон, Џан, Бенсебаини, Рајерсон, Чуквуемека, Нмеча, Брант, Адејеми, Гитенс, Гираси
Во исто време, Пари Сен Жермен ќе ја пречека Астон вила на „Паркот на принцовите“ во уште еден возбудлив дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Францускиот шампион, предводен од Луис Енрике, има одлична можност со победа да направи голем чекор кон полуфиналето. Сепак, Астон вила иако важи за аутсајдер, сигурно нема лесно да се предаде.
Нападот на англискиот тим ќе го предводи Маркус Рашфорд, додека искусниот Марко Асенсио остана на клупата. Парижаните, пак, ќе се потпрат на своите брзи и креативни офанзивци, Дембеле и Кварацхелија.
ПСЖ: Донарума, Хакими, Бералдо, Пачо, Мендеш, Невеш, Витиња, Руиз, Дембеле, Дуе, Кварацхелија
Астон вила: Мартинес, Кеш, Конса, Торес, Диње, Тилеманс, Камара, Роџерс, Мекгин, Ремзи, Рашфорд