Состави: Македонија со засилена одбрана, Белгијците напаѓаат со Доку и Лукаку

Селекторот Благоја Милевски и неговиот белгиски колега Руди Гарсија ги објавија почетните состави околу еден час пред почетокот на натпреварот, со што тактичките дилеми се разјаснија.

Македонија: Димитриевски; Илиевски, Муслиу, Зајков, Стојчевски; Алиоски, Атанасов, Барди, Костадинов; Елмас, Миовски.

Белгија: Селс; Дебаст, Фаес, Муние; Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Бројне, Салемакерс; Доку, Лукаку.

Македонија влегува во мечот од лидерската позиција во групата со четири освоени бода, додека Белгија го игра својот прв квалификациски натпревар во овој циклус. Мечот во Скопје носи голем влог.

- Оглас -

Најнови вести