Состави: Нагелсман со триото Вирц, Мусијала и Хаверц ја напаѓа Шкотска

Селекторите на Германија и Шкотска, Џулијан Нагелсман и Стив Кларк, ги одредија стартните состави за вечерашниот прв меч на Европското првенство.

Германското трио Вирц, Хаверц и Мусијала треба да биде опасност за голот на Шкотска, а зад нив ќе бидат Гундоган и Крос.

На голот е Нојер, стопери се Рудигер и Тах, десната бековска позиција ја покрива Кимих, а на левата страна ќе игра Мителштат.

Робертсон и Мектоминеј се главните адути во составот на Стив Кларк, а во нападот е Че Адамс.

 

- Оглас -

Најнови вести