Состави: Пеп не го пушта Агуеро од првата минута на распродадениот „Бернабеу“

На помалку од еден час до стартот на дуелите Реал Мадрид – Манчестер сити, односно Лион – Јувентус, познати се официјалните состави. Спектаклот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра пред целосно исполнетиот стадион, каде што 13-кратниот европски првак ќе се соочи со актуелниот анлиски шампион.

Зинедин Зидан може да се каже дека изненади што за ваков важен дуел го остави Тони Крос на клупата, додека шанса да игра од првата минута доби младиот Валверде. И Марсело од поискусните играчи на Реал е резерва, а Менди ќе ја покрива левата бековска позиција.

Повеќе изненади Пеп Гвардиола со тоа што го остави Серхио Агуеро на клупата, а нападот ќе го предводи Габриел Жесус. Можеби овој потег е логичен ако се знае дека Бразилецот е во подобра форма од искусниот аргентински голгетер. Давид Силва исто така е меѓу резервите, Гундоган ќе му помага на Де Бројне во средината, а на клупата се најде и Рахим Стерлинг, кој ги помина тестовите пред овој меч и доби зелено светло за настап.

Реал Мадрид – Манчестер сити

Реал: Куртоа, Карвахал, Варан, Рамос, Менди, Каземиро, Валверде, Модриќ, Иско, Винисиус, Бензема.

Сити: Едерсон, Вокер, Лапорт, Отаменди, Менди, Родриго, Гундоган, Де Бројне, Марез, Бернардо, Жесус.

Лион – Јувентус

Лион: Лопес, Маркал, Бенајер, Марсело, Тусар, Гимараес, Дубуа, Корне, Оуар, Токо Екамби, Дембеле.

Јувентус: Шченсни, Данило, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро, Пјаниќ, Бентанкур, Рабио, Квадрадо, Дибала, Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести