ПСЖ – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Јувентус се двата дерби-мечеви од кои се очекува да бидат и највозбудливи во вториот ден од првото коло во европската Лига на шампиони. На „Ванда Метрополитано“ гостува Старата дама предводена од Кристијано Роналдо, кој се чувствува како дома кога е во Мадрид по девет изминати сезони во дресот на Реал.
Токму Португалецот ќе биде најголема закана за Облак, а со него во нападот ќе бидат Игуаин и Квадрадо. Средниот ред на Јуве го сочинува триото Пјаниќ, Хедира и Матуиди, додека последната четворка пред Шченсни се: Алекс Сандро, Де Лихт, Бонучи и Данило.
Диего Симеоне на теренот ќе излезе со најдобрите 11, на чело со Жоао Феликс и Диего Коста. Коке, Томас, Саул и Лемар се играчите кои треба да ги разиграат најистурените Јорганџии, додека задната линија е составена од Лоди, Савиќ, Хименес и Трипие и на голот, секако, Облак.
Атлетико Мадрид (4-4-2): Облак, Трипие, Хименес, Савиќ, Лоди, Томас, Саул, Коке, Лемар, Феликс, Коста.
Јувентус(4-3-3): Шченсни, Данило, Бонучи, Де Лихт, Сандро, Хедира, Пјаниќ, Матуиди, Квадрадо, Игуаин, Роналдо.
На „Паркот на принцовите“ гостува најтрофејниот клуб во ова натпреварување, големиот Реал Мадрид. Зинедин Зидан се одлучи да напаѓа со Бензема, Азар и Бејл, додека тројката во средниот ред се: Хамес, Крос и Каземиро. Едер Милитао застана на местото на суспендираниот капитен Рамос, па младиот Бразилец заедно со Варан, Менди и Карвахал ќе го чува голот на Куртоа од секакви закани.
Томас Тухел не може да смета на Нејмар, Мбапе и Кавани, но затоа вечерва нападот на Светците ќе го предводи Мауро Икарди. Сарабија и Ди Марија ќе му бидат поддршка на Аргентинецот во нападот, додека Геје, Верати и Маркињос се играчите за врска. Последната четворка стандардна, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат и Мение.
ПСЖ (4-3-3): Навас, Мение, Силва, Кимпембе, Бернат, Верати, Маркињос, Геје, Сарабија, Ди Марија, Икарди.
Реал (4-3-3): Куртоа, Карвахал, Милитао, Варан, Менди, Каземиро, Хамес, Крос, Азар, Бејл, Бензема.