Македонскиот репрезентативец ќе биде дел од 11-темина фудбалери на Наполи кои вечерва ќе истрчаат на „Сан Сиро“ во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ против Милан. Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, одлучи да му даде шанса на Елмас да биде во првиот тим и иако нема да игра главниот напаѓач, Виктор Осимен, офанзивна е формацијата која ќе му се спротивстави на Милан.
https://twitter.com/sscnapoli/status/1646208312646549519?s=20
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, одлучи натпреварот да го започне со истите играчи кои точно пред 10 дена славеа со 4:0 во Неапол. Во нападот ќе биде Оливие Жиру, а во средниот ред Рафаел Леао, Раде Круниќ и Брахим Дијас.
https://twitter.com/acmilan/status/1646206437918490638?s=20
Карло Анчелоти не го менува тимот кој реди победи во Лигата на шампионите и во осминафиналето го елиминира Ливерпул (5:2,1:0). Карим Бензема и Винисиус Жуниор ќе го предводат нападот, додека во средниот ред ќе бидат незаменливите Тони Крос и Лука Модриќ.
https://twitter.com/realmadriden/status/1646196917955706918?s=20
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, се одлучи за малку подефанзивен пристап и со засилен среден ред. Лампард го гледа Канте како одговор на Модриќ и Крос, а нападот ќе го предводи Жоао Феликс.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1646206937778864141?s=20