Утре ќе играат заедно и никогаш повеќе – Составот на Реал Мадрид за шампионска прослава ќе биде уникатен

Карло Анчелоти има многу проблеми пред дуелот на Реал Мадрид со Еспањол утре на „Сантијаго Бернабеу“и размислува за стартен состав што никогаш не играл заедно, со најмалку еден дебитант.

Реал веќе ја освои шампионската титула, останува само формалност, бидејќи на пет кола до крајот има недостижни 15 бода предност пред Барселона и Севилја и утре од 16.15 часот му одговара и реми против Еспањол за да биде првак на Шпанија.

Најавено е дека дури 8 фудбалери нема да играат, а деветтиот е Герет Бејл, кој одби да влезе во игра против Барселона и ќе биде казнет.

Анчелоти ќе сака и да одмори дел од играчите и да ги сочува од евентуални повреди пред реванш дуелот со Манчестер сити во полуфиналетово Лигата на шампионите на 4. мај, исто така на „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот меч Реал го загуби со 4:3, но има реални шанси за пласман во финалето што ќе се игра во Париз на 28. мај.

Утре против Еспањол сигурно нема да играат Бензема, Модриќ, Алаба, Милитао, Начо, Дијас, а во комбинација не се и Бејл, Јовиќ и Азар.

Се најавува дека нема да играат и Каземиро и Винисиус јуниор, па тимот ќе биде комбииран и уникатен сезонава.

Анчелоти има само два стопери на располагање, а тоа се Валјехо, кој играше само еднаш сезонава за Реал и младиот Марио Хила Фуентес кој би требало да дебитира во „белиот дрес“ против Еспањол.

Анчелоти најави дека е можно дури и Тони Крос да игра како стопер, па се најавува почетен состав на Реал што никогаш не играл заедно и веројатно ова ќе биде прв и единствен пат да бидат во стартниот состав на Кралскиот клуб.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести