Славниот возач Михаел Шумахер веќе не може ниту да зборува и потребна му е постојана нега од семејството и медицинските лица. Некогашниот Ф1 возач кој има рекордни седум шампионски титули мора да биде под 24-часовен надзор, и тоа уште откако се случи несреќата во декември 2013 година.
Шумахер за време на скијање на една патека во француските Апли излета од патеката и со главата удри во карпа. Од тој момент тој е на постојано лекување, а од семејството се борат да ја сочуваат приватноста.
Прво лекувањето беше во болница, а откако се разбуди од кома, Шумахер беше префрлен на домашно лекување. Ретко се појавуваа информации околу состојбата во која се наоѓа Шумахер, но последните информации и прогнози не се оптимистички.