Ел Класико почна на спектакуларен начин. Уште во третата минута беше досуден пенал за Реал Мадрид. Судијата Сезар Сото Градо не размислуваше премногу при стартот на Ламин Јамал над Винисиус јуниор во шеснаесетникот на Барселона.
Но, набрзо по одлуката. судијата доби повик од ВАР собата уште еднаш да ја погледне целата ситуација. На крајот, излезе дека Винисиус јуниор при шутот удира во ногата на Јамал, па одлуката за пенал беше отповикана.
Clear penalty lol pic.twitter.com/VnQWl8kE4T
— Dr Yash (@YashRMFC) October 26, 2025

