Совет до Ѕјуба пред да потпише за Фенербахче: По пораз во дерби, една недела не излегувај од дома!

Некогашниот голман на Динамо Москва и Сивасспор, Витали Дјаков, објасни кои се разликите помеѓу турската и руската лига, предупредувајќи го сонародникот Артем Ѕјуба дека не е лесно да се биде член на Фенербахче.

Ѕјуба е пред договор со Фенер, ќе има статус на ѕвезда, но Дјаков вели дека брзо може љубовта на фановите да се претвори во омраза.

„Турците се болни по фудбал, атмосферата на стадионите е пожешка отколку во Русија. Дури и на помалите тимови како Сиваспор, каде што бев јас, стадионот секогаш е полн. Фенербахче има навивачи низ цела Турција. Сигурен сум дека Ѕјуба ќе биде популарен во Турција отколку дома, но кај навивачите тенка е границата од љубов до омраза. Ако Фенер загуби од Галатасарај или Бешикташ, го советувам Артем да не се појавува во јавност барем една недела“, вели Дјаков.

- Оглас -

Најнови вести