Совет за младите фудбалери: Бев идиот, за еден ден купив три автомобили…во тоа не е среќата

Кевин-Принс Боатенг е фудбалер кој во новата сезона го носи дресот на Фиорентина. Овој напаѓач некогаш се рангираше меѓу најголемите таленти, но сепак не го покажа целиот свој потенцијал. Играше за гиганти како Милан и Барселона, ги носеше дресовите на Тотенхем и Борусија Дортмунд, но сепак не ја достигна славата на врвен играч.

Самиот Боатенг вели дека неговиот недисциплиниран живот има голема причина за тоа што не го искористил целиот свој потенцијал.

„Бев идиот. Воопшто не го искористив талентот кој го имав. Често доцнев на тренинзите, не одев во салата за вежбање, не сакав да вежбам. Фудбалот воопшто не го третирав како работа. Наместо да тренирав, многу повеќе сакав да излезам со другарите во диско“, вели Боатенг.

Некогашниот репрезентативец на Гана се присетува на еден момент кога играл во Тотенхем, како за еден ден купил три автомобили.

„Додека играв за Тотенхем, во еден ден купив три автомобили. Тоа ви носи среќа, но на краток период. Потоа сфаќате дека тоа се само обични материјални работи и дека проблемите со тоа не може да се решат. Затоа мојот совет до младите фудбалери е едноставен. Оставете ги материјалните работи, бидејќи со тие работи не може да се купи среќата. Младите играчи мора да бидат ментално стабилни и да се борат“, е советот на 32-годишниот Боатенг.

 

- Оглас -

Најнови вести