Совет за спортска прогноза: Нека не ве лажат процентите, во минатото коло на четири меча излегоа фиксови кои имаа под 10 отсто шанси за победа

Само уште малку повеќе од 24 часа ви остануваат да типувате во 22-рото коло од Спортска прогноза, кое нуди интересни 13 парови. Најпримамлив меч е градското дерби меѓу Интер и Милан, а прогнозерите досега се многу сигурни дека Нераѕурите ќе победат. Над 75 отсто од тие што досега прогнозираа се убедени во „кец“, додека шансите на Милан засега се сведуваат само на 9,8 отсто.

Многу од прогнозерите се лажат од процентите и тоа како прогнозирале тие пред нив, па одат „на сигурно“. Сепак, дека не е тоа секогаш најсигурно, се потврди во претходното коло, кога дури на четири меча излегоа фиксови кои имаа под 10 отсто шанси за реализација. Затоа и Милан сигурно не е без шанси за победа на „Џузепе Меаца“.

Слична е ситуацијата и кај германското дерби меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд. За победа на Милионерите се речиси три четвртини од тие што досега типувале, додека шанса за победа на Фармацевтите даваат само 8 отсто. Со најмалки шанси за победа се Мајорка и Ремс кои гостуваат кај Еспањол, односно Стразбур. На двете гостински екипи прогнозирале само 3 отсто од играчите во ова коло на Спортска прогноза.

Правилата и добивките се стандардни како во секое коло. „Среќна 13-ка“ ќе ви донесе мобилен телефон IPhone XS. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека со 11 погодоци ќе добиете ваучер од 500 денари.

Ако не се прогнозирале досега, не чекајте.

- Оглас -

Најнови вести