Пет фаворити од пет различни првенства играат на свој терен

1008 Челзи – Евертон (18:30 ч.)

Челзи е далеку од Топ 4 на табелата кои водат во Лигата на шампиони за следната сезона, затоа што веќе има двоцифрено заостанување. Евертон грчевито се бори за опстанок, каде е голема мешаница затоа што Борнмут кој е во зоната за испаѓање е само три бода зад Кристал Палас кој е на 12-тото место на табелата.

На последните пет меѓусебни дуели на овие два тима, секогаш било сиромашно со голови и немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1&2-4 (2.26)

 

1806 Борусија Дортмунд – Келн (18:30 ч.)

Борусија Дортмунд имаше девет победи во низа во Бундеслигата, но во минатото коло киксна кај Шалке и одигра 2:2, па сега заостанува два бода во однос на лидерот Баерн Минхен. Келн е тим кој нема стабилна одбрана, па едноставно Милионерите треба да нападнат од првата минута.

Шест од последните девет меѓусебни дуели биле со барем четири погодоци, што е сигнал дека може да очекуваме ново гол-шоу.

Предлог тип: ГГ3+ (2.01)

 

1305 Атлетико Мадрид – Валенсија (21 ч.)

За Атлетико Мадрид мисија е да избори место во ЛШ и за следната сезона, додека Валенсија изненадувачки е во опасност и да испадне од лигата. На гостински терен Валенсија сезонава има само една победа во 12 меча и само осум постигнати погодоци, што само е сигнал дека нема што многу да бара на гостување кај втората најдобра одбрана.

Дури и традицијата вели дека Атлетико е голем фаворит затоа што во последните 16 меѓусебни дуели, Јорганџиите имаат 10 победи и шест нерешени. Валенсија последен пат против Атлетико победил во април 2014 година, односно пред девет години.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.22)

 

1538 Бенфика – Викторија Гимараеш (19 ч.)

Бенфика игра речиси перфектна сезона, па затоа е убедлив лидер во португалското првенство со осум бода пред вториот Порто, а игра и во четвртфинале на Лигата на шампиони. Во една ваква ситуација, јасно е дека гигантот од Лисабон е голем фаворит против Викторија Гимараеш, која сезонава на домашен терен одолеа на нападите на фаворитот и дуелот заврши 0:0.

Сепак, сега на стадионот на Бенфика, јасно е дека домашните фанови очекуваат погодоци.

Предлог тип: T1 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

1954 Бешикташ – Истанбулспор (17 ч.)

Бешикташ речиси сигурно ја загуби трката за титулата, но останува борбата за излез во Европа. Истанбулспор е со единствена мисија да се спаси од испаѓање, но тешко дека на теренот на Бешикташ може да се надева на освојување бодови.

Предлог тип: 1-1 (1.74)

 

- Оглас -

Најнови вести