Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, е доминантен последните три сезони, во кои освои три титули и победи на 54 трки. Сепак, и покрај доминацијата, советникот за спорт на Ред Бул, Хелмут Марко, открива дека холандскиот возач лесно може да си замине од екипата.
„Опасност постои. Макс не е тип кој сака да ги соборува рекордите на Шумахер или Хамилтон. Ако ситуацијата не му одговара, може да очекувате еден ден да рече: Доста е!“ – вели советникот за спорт на Ред бул.
Сепак, Ферстапен во моментов има активен договор со Ред Бул до 2028-мата година, а оваа сезона не е доминантен како претходните, па му претстои голема борба за светската Формула 1 титула.