Совршен крај на легендата, освои уште едно злато со Аргентина и со плачење го напушти теренот (Видео)

Аргентина ја освои титулата на Копа Америка откако во големото финале со 1:0 ја победи Колумбија. Финалето на Копа Америка значеше и последен настап на Анхел ди Марија во дресот на аргентинската репрезентација.

Во 117-тата минута, кога Гаучосите имаа водство од 1:0, Ди Марија беше повлечен од игра, а легендарниот аргентински фудбалер со солзи во очите го напушти теренот знаејќи дека тоа е неговото последно фудбалско танго во националниот тим.

https://twitter.com/i/status/1812698942070763693

„Беше судено вака да се заврши. На момците пред мечот им реков дека сум сонувал мојот последен меч да се заврши на ваков начин. Дека ќе победиме во финале. Прекрасно е чувството. Вечно ќе бидам благодарен што бев дел од оваа генерација. Секогаш давав сè и среќен сум и исполнет што заминувам на ваков начин“, рече Ди Марија по финалето.

Овој роден победник во аргентинската репрезентација дебитираше во 2008 година. Одигра дури 144 меча за Аргентина, а постигна 31 гол, плус имаше 32 асистенции. Во дресот на Аргентина освои две титули во Копа Америка, злато на Летните олимписки игри во Пекинг 2008 година, сребро на СП 2014 и злато на Мундијалот во Катар во 2022 година.

Ди Марија го доби и прекарот Робин, како дел од хероите Бетмен и Робин. Секако, Бетмен е Лионел Меси, но Робин, односно Ди Марија често бил спасителот на нациоланиот тим. Едноставно, Ди Марија е играч кој ѝ даде белег на оваа една и пол деценија во аргентинската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести