Лука Дончиќ е незадржлив и на последните пет меча вкупно постигна 228 поени, што во просек е 45,6 поени на меч. Со ваква игра на Дончиќ, Далас реди само победи и тимот сега стигна до четвртото место на Западот.
На последниот меч на гости кај Сан Антонио, Дончиќ даде 51 поени, но на крајот покажа дека знае и перфектно да промаши кога тоа е најпотребно. Имаше само 1,2 секунди до крајот на мечот, резултатот беше 126:125 во корист на Далас, а Дончиќ беше на линијата за слободни фрлања.
Доколку Словенецот го погодеше слободното фрлање, Сан Антонио ќе имаше шанса за последен шут и да се спаси од пораз, но Дончиќ реши намерно да промаши. Не само што промаши, туку Дончиќ тоа го направи на најдобар можен начин. Силно ја удри топката во предниот дел од обрачот и таа веднаш се врати кај него во раце, недозволувајќи противниците да се понадеваат на последен шут.
Luka Doncic 200 iq player pic.twitter.com/fR8fX4vCKD
— Slightly Biased (@BiasedSlightly) January 1, 2023