Совршенство на Оскар Пјастри, Мекларен блескаше во Бахреин

Оскар Пјастри имаше своја вечер во Бахреин. Младиот Австралиец ја претвори пол-позицијата во блескава победа, демонстрирајќи зрелост и брзина како вистински шампион. Од стартот до целта, имаше трка без грешка. Никој не беше ни блиску да му ја загрози доминацијата.

Додека Мекларен славеше, Ред Бул се соочуваше со вистинска ноќна мора. Болидот на Ферстапен едноставно не функционираше. Проблеми уште од стартот – пад до деветтата позиција, и немоќ да се пробие нанапред. На крајот, само седмо место за актуелниот светски шампион – нешто што ретко се гледа.

Ферари сѐ уште е заплеткан во сопствените стратегии. Изборот на гуми се покажа како кобен. Леклер изгледаше стабилно на третото место, но во последните кругови мораше да попушти под притисокот на Ландо Норис.

На пиедесталот, покрај незапирливиот Пјастри, се искачија Џорџ Расел како второпласиран, и одличниот Норис на третото место. Зад нив завршија Леклер, Хамилтон, Гасли, Ферстапен, Окон, Цунода…

Со оваа победа, Оскар Пјастри стана првиот возач со две победи во сезоната – и испрати силна порака.

- Оглас -

Најнови вести