11.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

СП 2026 може да ги донесе „најлудите“ приказни во историјата на фудбалот

Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико ќе биде историско затоа што за прв ќе се игра со 48 репрезентации. Веќе има неколку дебитанти на овој планетарен собир, но најинтересното допрва треба да се случи, во март следната година.

Македонија сигурно ќе биде дел од бараж-дуелите и ќе се обиде да стигне до историски прв пласман на Мундијалот. Во таква ситуација е и репрезентацијата на Нова Каледонија. Тоа е селекцијата која е вицепрвак на Океанија и ќе игра во Интерконтиненталниот бараж.

Доколку се случи Нова Каледонија да игра на СП 2026, тоа ќе биде историски момент. Оваа земја всушност е прекуокеанска територија на Франција. Во 2014 година имаше референдум каде што жителите одлучуваа дали Нова Каледонија ќе биде самостојна или треба да остане во рамките на Франција и на крајот резултатот покажа дека жителите сакаат да бидат дел од Франција.

Ако се знае дека Франција речиси сигурно ќе игра на СП 2026 година, може да се случи на Мундијалот да има две селекции кои се дел од иста државна заедница. Низ историјата на Светските првенства вакво нешто се случило само еднаш, и тоа во далечната 1938 година.

Тогаш Холандија беше дел од палнетарниот собир, а таму учествуваше и тогашната Холандска источна Индија, односно сегашна Индонезија.

- Оглас -

Најнови вести