Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада, а квалификациите веќе се започнати на два континента. Во Јужна Америка сите 10 репрезентации играат во една група и конечниот пласман ќе го имаме за две години, но во Азија веќе се одиграа елиминациите, по кои е познато кои 10 репрезентации сигурно нема да ги гледаме на Светското првенство.
Во првата фаза од азиските квалификации играа 20-те најслаборангирани репрезентации, поразените се елиминирани, а победниците продолжуваат во втората фаза, во која ќе играат 36 репрезентации, поделени во девет групи со по четири екипи, а половина од нив ќе се пласираат во третата и последна фаза.
Во првиот круг од квалификациите за Светското првенство се елиминирани репрезентациите на: Монголија, Малдиви, Гвам, Шри Ланка, Макао, Пакистан, Источен Тимор, Брунеј, Бутан и Лаос. Интересно, ниту една од овие репрезентации никогаш нема играно на Светско првенство, а така ќе биде и на следното.