Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски
Вардар се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на Европа иако одигра само 2:2 синоќа на гостувањето кај Ла Фиорита. Црвено-црните одат понатаму благодарение на победата од 3:0 на првиот меч во Скопје.
„Знаевме дека нема да биде лесно, но наша цел беше да победиме. За жал, не успеавме, иако имавме неколку добри шанси кои ги пропуштивме, а на крајот бевме казнети и примивме гол во последните моменти. Секогаш е потешко да се игра на гости“, вели Едиз Спахиу, кој синоќа ги одигра последните неколку минути од мечот.
Спахиу додава дека треба да се „архивира“ двомечот со Ла Фиорета и да се стави акцент на тоа што следува, а тоа е двомечот со Лозана.
„Следува двомеч со Лозана. Во следниот период ќе се подготвиме за овој предизвик и мислам дека максимално ќе бидеме фокусирани. Треба да извлечеме поуки од дуелот против Ла Фиорета и не смееме да ги повториме грешките“, додаде напаѓачот на Вардар.