Спектакл на навивачите на Милан – Гори Милано од желба за титула (Видео)

Милан ја заврши 2020 година како лидер во Калчото, по драматичната победа против Лацио со 3:2, со голот на Тео Ернандес во последните моменти, што донесе експлозија од радост кај Росонерите.

Триумфот го прославија и навивачите на Милан, кои чекаат титула во Серија А цела деценија, по апсолутната доминација и 9 титули по ред на Јувентус.

Голем број симпатизери на Росонерите приредија спектакл крај патот по кој минуваше клупскиот автобус на Милан, а и буквално гореше Милано во чест на лидерот во Серија А.

AC Milan’s fans tonight after winning against Lazio from soccer

Последното од вкупно 18 Скудета што ги има Милан го освои во сезоната 2010/11.

 

- Оглас -

Најнови вести