СПАЛ само ја налути Рома со водечки гол

СПАЛ со водечки гол од пенал во првото полувреме само ја налути Рома и доживеа нов пораз, единсесетти во Серија А.

Петања погоди од белата точка во 44-тата минута и гостите се понадеваа на подвиг, но планот брзо им пропадна. Пелегрини и Пероти само за 21 минута во вториот дел направија пресврт, што со погодок во 83-тата минута го комплетира Мхитаријан.

Рома остана на четвртото место со 32 бода, еден помалку од вечниот ривал Лацио. СПАЛ е последен само со 9 бода и единствена екипа што досега нема двоцифрен број бодови.

Во вториот меч од топ-5 лигите што се играше од 18 часот, Шалке 04 со голот на Раман во 53-тата минута го победи Ајнтрахт со 1:0 во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести