3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Спалети: Ако играме вака, нема никаде да стигнеме

Јувентус продолжува да ги разочарува своите навивачи откако на свој терен загуби од комо со 0:2 во меч од Серија А. Старата дама има четири порази и едно реми во последните пет меча што го одигра, а тренерот Лучано Сплаети е многу разочаран.

„Очигледно е дека имаме проблем затоа што се почесто примаме гол од првиот шут во рамките на нашиот гол. Во главата на играчите се има создадено голем притисок поради резултатите во последно време. Мора да се подобриме на ментално и техничко ниво. Ако продолжиме да играме вака, нема никаде да стигнеме и ништо да постигнеме“, рече разочараниот предводник на Јувентус, Спалети.

Старата дама падна на шестото место на табелата со 46 бодови, а Комо сега има 45 бодови и е веднаш зад гигантот од Торино. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Рома во дуел против директниот ривал во борба за позиции кои водат во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести