Спалети доби отказ, против Молдавија за последен пат ќе ја води Италија

Италија во понеделник во Реџо Емилија ја пречекува селекцијата на Молдавија, а на нивната клупа за последен пат ќе биде Лучано Спалети, кој на официјалната прес-конференција објави дека добил отказ.

Спалети на клупата на Италија дебитираше на деветти септември 2023 година и тоа со реми (1-1) во Скопје против Македонија. Пресуден за отказот беше поразот од Норвешка со 3-0 во петокот, со кој Италија си го искомпликува патот до Светското првенство 2026.

„Разговаравме и ми кажаа дека ќе бидам разрешен од селекторската функција. Жал ми е, со оглед на нашиот однос. Немав намера да се откажам. Би сакал да останам, посебно сега кога не ни оди. Но ако е таква одлуката, тогаш морам да ја прифатам. Оваа функција секогаш ја доживував како да ѝ служам на татковината и сакам да помогнам и во иднина. Ќе го раскинам договорот. Ќе бидам на клупата против Молдавија. Секогаш кажувам дека моите фудбалери се квалитетни, но резултатите се тие и мора да ја преземам одговорноста.“ – рече Спалети.

- Оглас -

Најнови вести