Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, после ремито со „фенерџијата“ Фиорентина, даде изјава за италијанските медиуми со која потврди дека приоритет и понатаму им е борба за титулата во Серија А.
Иако Јуве сезонава често не победува на мечеви на кои е фаворит, сепак во моментов Старата дама нема преголемо заостанување, има само пет бода помалку од лидерот Наполи, а може да бидат и седум ако Интер вечерва го совлада Милан.
„Во првото полувреме направивме грешки што веројатно не требаше да ги направиме. Треба да го подобриме нашето ниво и да играме повеќе напред. Нашата главна цел за сезоната е да се бориме за шампионската титула. Мислам дека можам да ги натерам играчите да дадат повеќе од она што го покажавме денес“, рече Спалети.

