Спалети го знае составот за дуелот против Македонија, има само две дилеми и тоа во одбраната

Италијанската фудбалска репрезентација пристигна во Скопје за утрешниот дуел против Македонија. Аѕурите пристигнаа со нов селектор, Лучијано Спалети, кој верува дека победнички ќе започне во новата улога.

Во изминативе неколку денови италијанската репрезентација тренираше во формација 4-3-3. Тоа е формација која ја воспостави Роберто Манчини, а Спалети само ја надоградува.

Според најавите од италијанските медиуми, речиси е познат составот со кој Италија утре на Арената „Тодор Проески“ ќе излезе на мегдан против Македонија. Само две дилеми се најавуваат кај гостите и тоа се во одбраната. Првата дилема е дали Бастони или Ромањоли ќе биде со стоперскиот дел, и дали Ди Марко ќе добие предност пред Спинацола како лев бек.

Можен состав: Донаруна – Ди Лоренцо, Манчини, Бастони (Ромањоли), Димарко (Спинацола) – Барела, Кристанте, Тонали – Политано, Имобиле, Кијеза.

- Оглас -

Најнови вести