Италијанската фудбалска репрезентација е актуелен европски првак, а одбраната на титулата ќе ја почнат против Албанија, и Аѕурите може да се надеваат на три бода бидејќи имаат позитивен биланс во меѓусебните дуели, за разлика од пресметките со другите да ривали од групата, Шпанија и Хрватска.
Селекторот на Аѕурите, Лучано Спалети, потсети дека Италија е најопасна кога ја потценуваат.
„Можеше да поминеме и подобро на ждрепката, но бевме во четвртиот шешир. Не заборавајте дека ние сме Италија. Рано е да се даваат прогнози, но секој што го сака спортот, ужива во предизвиците. Се надевам дека ќе нè брани духот на Џанлука Вијали“ – рече Спалети.