6.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Спалети и официјално е нов тренер на Јуве, Влаховиќ критикува

Јувентус го објави назначувањето на Лучано Спалети за главен тренер, а 66-годишниот тренер потпиша договор кој важи само до 30 јуни 2026 година, но ако Јуве се пласира во Лигата на шампионите, договорот автоматски ќе се продолжи.

Искусниот Спалети е тренер кој има освоено титули во лигите на Русија и на Италија, а до неодамна беше селектор на Аѕурите.

По смената на Игор Тудор и назначувањето на Лучано Спалети, се огласи една од најголемите ѕвезди на Старата дама, напаѓачот Душан Влаховиќ.

„Сменивме тројца тренери за година и пол. Треба да се погледнеме во огледало и да сфатиме што правиме погрешно. Не мислам дека е фер да се обвинува поединец, сите сме виновни. Треба помалку да зборуваме, а повеќе да работиме, да се вратиме на квалитетен фудбал и на победи“, рече Влаховиќ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести