Спалети: Интер ме поддржува 100%

Интер ја игра најлошата сезона во последниве шест децении, а вчера сол на раната додаде Болоња, која со цел плен си замина од „Џузепе Меаца“ и го прекина четиримесечниот пост без победа. За „нераѕурите“ тоа беше вкупно шести пораз, односно втор последователен во Серија А, но нивниот стратег Лучијано Спалети верува дека управата на клубот целосно го поддржува и покрај слабите резултати.

„Верувам дека имам 100% поддршка од управата. Овој пораз не менува ништо, и натаму имаме многу работа пред нас. Знам дека навивачите од нас бараат да играме добро и да победуваме, нема да ми биде првпат да бидам критикуван, таква е мојата работа и мора да се соочам со тоа. Сепак, во вакви ситуации очигледно нашите противници имаат поголема желба за победа од нас, па затоа ги трпиме овие последици“, истакна Спалети.

По 22 натпревари, Интер заостанува дури 20 бода зад лидерот Јувентус, односно имаaт 11 бода помалку од второпласираниот Наполи. За пет дена им следува гостување кај незгодната Парма, а при резултат кој не е во корист на Интер, Спалети ќе биде во големи проблеми и многу веројатно ќе му се заканува отказ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести