Спалети исвиркан на последниот меч како селектор на Италија

Лучано Спалети вечерва за последен пат ја води италијанската репрезентација како селектор, и доби исвиркувања на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија пред натпреварот Италија – Молдавија од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Аѕурите водат со 2-0 и најверојатно ќе го добијат мечот, но 66-годишниот Спалети нема да биде испратен позитивно. Тој како одговор на свирежите кога беше прочитано неговото име, ја отпеа химната прегрнат со Џиџи Буфон, пееја со голема страст како и секогаш.

За разлика од селекторот, играчите добија аплаузи. Спалети 24 пати ја водеше Италија, ќе има 12 победи и по шест порази и ремија.

- Оглас -

Најнови вести