Јувентус пред своите навивачи во Торино во последните моменти се спаси од пораз во дербито против Лацио, а на крајот резултатот беше 2:2. Лацио водеше со 2:0, но Старата дама не се предаде и со два погодока во финишот се спаси од пораз.
По мечот, тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, беше револтиран што судиите во последно време не разликуваат многу што е тоа удар, а што е контакт. При резултат 0-0, на Јувентус му беше поништен гол од Теун Купмајнерс поради офсајд од Кефрен Турам, а имаше и потенцијален фаул од Марио Гила врз Хуан Кабал во акцијата пред тој обид. Аналитичарот на DAZN, Лука Марели, сметаше дека требало да биде пенал, па затоа и реакцијата на Спалети е жестока.
„Судијата може да го протолкува тоа како сака бидејќи дефанзивецот е невнимателен кога се лизга на тој начин и презема ризик. Не сум тука да кажам дали беше пенал или не. Можеше да трча назад по топката, но би го разгледал тоа во поширок контекст“, започна Спалети, а потоа продолжи:
„Сега сите се жалат на правилата, но секогаш постои толкување. Ако тој стапне на нечија нога, ако тоа е рака што никој на стадионот не ја гледа, но камерата зумира на неа…, сè е предмет на толкување. Не можете да генерализирате и да кажете дека секој контакт е пенал“, вели Спалети.
За да ја објасни разликата меѓу контакт и прекршок, Спалети реши тоа и со пример да го објасни, а побара помош од новинарката. „Правилата во моментов се прекрути и според мене тоа е проблем. Ако никој не забележа дека топката завршила во раката, кој е тука оштетен? Аналитичарите постојано велат „имаше контакт“, но тоа не значи ништо. Може ли да ве бакнам?“, Спалети ја праша новинарката и потоа ја бакна во рамото: „Ете тоа е контакт“.
„Разликата е во контексот. Контакт не значи исто што и удар. Секогаш ќе постојат проблеми ако имаме правила според кои секој допир со рака во шеснаесетникот, секое стапнување по ногата е пенал. Затоа постои ВАР-системот, да се процени целиот контекст“, објаснува Спалети.
Luciano Spalletti: “Dokununca faul çalıyorlar. Bir öpücük vereyim… Bak işte bu da faul. Okşadım, faul. Tokat mı? O da faul. Yeter artık. Her şeye faul çalarak futbolu katlediyorsunuz.” pic.twitter.com/5msr93HFr5
— Madrid Media (@MadridMedia_) February 9, 2026

