Спалети: Јувентус не простува

Лучијано Спалети одлично го водеше составот на Интер на Дербито на Италија против Јувентус, но на крајот гостите се вратија во Милано со празни раце.

Интер доминираше во првото полувреме, пропушти неколку зрели шанси за водство, еднаш беше погодена и рамката на голот, а потоа се разбуди фаворитот и со голот на Марио Манџукиќ победи со 1:0.

„Тие се искусен тим и не простуваат ниту минимална грешка. Жоао Марио не реагираше најдобро, иако доби совет да се врати во дефанзивната линија и веднаш примивме гол. Имавме неколку индивидуални грешки кои не чинеа пораз, но задоволен сум како одигравме. Бевме рамноправен ривал и покажавме дека трката за Скудетото не е мртва“, изјави Спалети.

Интер по 15 меча во новата сезона во Серија А заостанува за 14 бода зад Јувентус. Но „нераѕурите“ велат дека нема да се предадат, а од Скудетото не се откажува ниту второпласираниот Наполи, кој има минус од 11 бодови во однос на „старата дама“, со меч помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести