Иако се најавуваше дека Наполи веќе нема да купува играчи до крајот на преодниот рок, можно е да изненадат со ангажирање на босанскиот плејмејкер Миралем Пјаниќ од Барселона. Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, имале телефонски разговор со Пјаниќ и побарал од него да се врати во Серија А и да го облече дресот на Наполи.
Пјаниќ откако беше трампан од Јувентус во Барселона за Артур Мело, многу ретко игра, и Барса бара начин како да се ослободи од неговата плата која треба да ја зема до 2024 година. Каталонците би го ослободиле без или со мала отштета, и Наполи ја виде шансата да го земе во своите редови.