Спалети: Му ветив на Елмас дека ако даде гол, ќе се фрлам на земја, морав да го направам тоа (Видео)

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, после победата на гостувањето кај Лестер и пласманот во 16-финалето од Лига Европа, се фрли на земја од радост, а објасни и дека тоа го направил за да исполни ветување кон Елиф Елмас.

„На полувреме Елмас беше лут за една негова грешка. Му реков дека ако даде гол во второто полувреме, ќе се фрлам на земја, и морав да го исполнам ветувањето, но не веднаш, туку после натпреварот. Елиф е прекрасна личност, знае да се прилагоди на секој улога, секогаш извлекува максимум. Тој сезонава одигра веќе 29 меча за Наполи и репрезентацијата, и секогаш е добар“ – изјави Спалети.

https://twitter.com/i/status/1469032096349962241

- Оглас -

Најнови вести