Спалети: На домаќинот му беше многу полесно да игра на ваков терен

Лучијано Спалети не започна како што посакуваше на селекторското место на Италија. Аѕурите ремизираа 1:1 во Скопје, а предводникот на гостите, потенцираше дека еден од главните причини за неуспехот да се стигне до победа е лошиот терен.

„Точно е дека имавме пад во играта и дека физички во вториот дел не бевме подготвени на 100 отсто и тоа влијаеше на играта. Но освен тие два фактори, ние имавме проблеми со фудбалскиот терен. Имаше многу физички дуели, топката отскокнуваше на нерамниот терен и тие чекаа тие топки од втора шанса со дуел игра да дојдат до шанса. Успеаа да ја искористат шансата за тоа што тие многу подобро го познаваат теренот. Ние не ја знаевме состојбата на теренот, не знаевме како тоа ќе влијае на играта. Сакаме да играме добар фудбал, да ја држиме топката, но за домаќинот беше полесно да игра на ваков терен“, рече Спалети на прес конференцијата веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести