Спалети: Наполи грешеше, но и судиите направија неколку неправди

Наполи за првпат во историјата не успеа да се пласира во полуфинале на Лигата на шампионите откако на свој терен одигра само 1:1 против Милан во реваншот од четвртфиналната пресметка. Милан на првиот дуел победи со 1:0, па Росонерите се радуваат на крајот со вкупен резултат од 2:1 по 180 минути борба на теренот.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, беше разочаран што неговиот тим не успеа да оди понатаму, а причината за неуспехот ја бара во два клучни момента.

„Најпрво, честитки за Милан и нивниот пласман во полуфиналето. Одиграа два меча во кои максимално ги искористија своите шанси. Тоа е знак на искусен тим, знае кога да додаде гас, а кога тимски да се брани. Честитки и за моите играчи кои одиграа една убава сезона во Лигата на шампионите. Го плативме недостатокот на искуство. Имавме некои грешки во клучни моменти, но имаше и неколку неправди на наша штета. Не знам како не можеше да се види пеналот кој беше јасен како ден. И на првиот меч имаше судиски грешки за кои нема да се согласат само оние коишто носат дресови на Росонерите. Не смее да се земаат превид такви ситуации“, беше реакцијата на Спалети по неуспехот на неговиот тим да се најде меѓу најдобрите четири во Европа.

- Оглас -

Најнови вести