Спалети не паѓа на комплиментите од Пеп: Тоа се игри со кои сакаат да не срушат

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, е презадоволен од пласманот на неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но не паѓа на комплиментите кои доаѓаат од неговите колеги.

Наполи е на добар пат по пауза од 32 години да ја освои титулата во Серија А, има 18 бода предност на табелата пред второпласираниот Интер, а вчера обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ЛШ откако и во реваншот славеше против Ајнтрахт, овој пат со 3:0.

Поради одличните игри и резултати, Наполи и Спалети добиваат комплименти од сите страни, а последен кој се огласи беше менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој италијанскиот тим го „прогласи“ за најдобар тим во Европа.

„Тоа не ме прави горд и нема никакво влијание врз мене. Тоа е игра која сите ја знаат и чија цел е да се зголеми притисокот. Дали да го ставиме Наполи пред Сити? Ако тие потрошат 900 милиони, а ние девет, постои причина за такво нешто. Тоа се игри со кои сакаат да не срушат“, изјави Спалети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести