Светските фудбалски гиганти, селекциите на Италија и на Шпанија ќе играат во дербито, а победникот ќе си обезбеди место во осминафиналето. Двата тима победија во првото коло, па сега очекуваат нови бодови по дуелот кој ќе се игра во Гелзенкирхен.
Селекторот на Италија, Лучано Спалети најави дека неговата селекција нема да калкулира и да се брани, иако знае дека Шпанија е опасен ривал кој сака да напаѓа.
„Шпанија е одлично, но никако не е до таа мера да треба да се плашиме. Ние ќе се обидеме да одиграме како против Албанија. Секако дека Шпанија е посилен ривал, а ние сакаме да играме против такви ривали. Уште сега кажувам дека нема да седиме во својот шеснаесетник и да чекаме, затоа што тогаш ќе бидеме осудени на пораз. Ние сме тим кој сака да има посед на топка, но сигурно дека во одреден период нашата одбрана и голманот ќе патат. Шпанија има напаѓачки стил на игра“, рече Спалети.