Спалети нема да остане тренер на Наполи, не може на претседателот да му прости три работи

Наполи по 33 години повторно стана шампион на Италија, но еден од „носечките столбови“ на успехот, тренерот Лучано Спалети, ги минува последните денови и недели како предводник на тимот.

Наводно Спалети не може на претседателот Аурелио де Лаурентис да му прости неколку работи, меѓу кои и тоа што АДЛ не му кревал телефон кога му се јавувал од Удине вечерта, кога ја обезбедија титулата за да си честитаат, и тоа што наместо претседателот лично, други лица од канцеларијата на клубот контактирале со Спалети околу условите за новиот договор.

Наскоро треба и официјално да биде објавено дека Спалети нема да го продолжи договорот со Наполи и по завршувањето на сезонава, клубот ќе треба да ангажира нов шеф на стручниот штаб.

Веќе се спомнуваат и потенцијалните наследници на Спалети, а тоа се Антонио Конте, Рафаел Бенитес, Џан Пјеро Гасперини, Роберто Де Ѕерби и Винченцо Италијано.

Освен Спалети, речиси сигурно е дека ќе си замине Кореецот Ким, кој воодушеви со своите игри во одбраната, а може да си замине и првиот стрелец Виктор Осимен, за кого има сериозен интерес од неколку големи и богати клубови.

- Оглас -

Најнови вести