Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучано Спалети, објасни ќе биде сменет од функцијата. Неговиот договор ќе биде раскинат по утрешниот натпревар против Молдавија.
Само пред неколку дена, Италија претрпе тежок пораз од Норвешка со 0-3 во квалификациите за СП 2025.
„Разговаравме синоќа и ми кажаа дека ќе бидам разрешен од функцијата селектор на репрезентацијата. Жал ми е со оглед на односот што го имаме, немав намера да се откажам. Претпочитав да останам и да си ја работам работата, особено што работите не одеа добро. Секогаш ја прифаќав оваа улога како услуга за земјата и сакам да помогнам во иднината на репрезентацијата. Мислам дека е исправно да се најде најдоброто решение и да го раскинам договорот. Ќе бидам на чело на тимот против Молдавија. Резултатите под мое водство се такви какви што се и морам да преземам одговорност“, рече Спалети.