5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Спалети објасни зошто неговиот Јувентус загуби катастрофално кај Аталанта

Многу е веројатно дека Јувентус сезонава ќе ја заврши без трофеј во италијанскиот фудбал откако беше елиминиран и од Купот на оваа земја. На гостувањето кај Аталанта, Јувентус делуваше немоќно и на крајот загуби со убедливи 3:0.

Аталанта поведе со гол од пенал во 27-мата минута, а според некои, оваа судиска одлука донесена по консултација со ВАР-системот е контроверзна. Во финишот на средбата, Атланата постигна уште два погодоци и на крајот се радуваше на пласман во полуфиналето на Купот.

По мечот, тренерот на Старата дама, Лучано Спалети, имаше објаснување за овој висок пораз.

„Тие беа подобри од нас во клучните моменти од мечот. Кога ќе се загуби со 3:0, нема многу што да се каже. Им честитам на Паладино и на Аталанта, одиграа одличен меч. Во клучните моменти тие најправија одлични потези, а нашите потези беа погрешни. Кога доаѓа моментот за брзо да се реагира, мора да се направи вистинскиот потег. Е, па во тие моменти ние правевме погрешни потези, а тие ги носеа вистинските одлуки“, рече Спалети по елиминацијата на Јувентус од Купот на Италија.

Во првенството, Јувентус заостанува дури 10 бода зад лидерот Интер. Следниот предизвик за гигантот од Торино ќе биде мечот против Лацио во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести