Спалети откри кој ќе шутира пенали за Италија ако дојде до такво нешто

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети потврди дека дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини ќе биде замената за суспендираниот Рикардо Калафиори на мечот против Швајцарија. Спалети откри дека има само уште една дилема околу стартниот тим, а тоа е дали во нападот да започне со Џанлука Скамана или со Матео Ретеги.

„Знам дека и двајцата може да дадат придонес во тимот. Без разлика кој ќе започне како стартер, а кој може да влезе од клупата, важно е дека се важни алки во тимот“, рече Спалети.

Селекторот на Аѕурите беше запрашан за тоа дали неговиот тим тренирал пенали и што ќе се случува ако мора пенал-рулетот да решава кој ќе победи.

„Изведувачки на пенали ќе бидат оние кои ќе може емотивно да го издржат притисокот и важноста на тој шут.  Сите вежбаа изведување на пенали, но мислам дека сега не е идеално време да размислуваме за пеналите. Ќе направиме се што можеме да победиме во регуларен дел, иако сме свесни дека против нас имаме тежок противник“, анализира Спалети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести