Спалети откри со колку дефанзивци ќе игра против Македонија и кој ќе биде најважен дел од тактиката

Новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети ја имаше првата прес конференција во новата улога. Спалети ќе дебитира на селекторското столче на дуелот во Скопје каде актуелниот европски првак ќе гостува на Македонија.

„Благодарам на федерацијата што ми ја даде довербата да бидам селектор. Кога бев дете, ја замолив мајка ми да сошие џиновско знаме на Италија за да ја прославиме историската победа од 4-3 над Германија на Светското првенство во Мексико во 1986 година. Се надевам дека ќе им го донесам истото знаме и истиот ентузијазам на сегашните деца. Барам среќа и не можам да работам ако не сум среќен. Мора да бидеме среќни кога го носиме овој дрес“, рече Спалети, кој како прв драстичен потег му беше неповикувањето на Верати и Жоргињо.

„Ова е почетокот на сезоната и не сите играчи играат редовно, затоа не ги повикав Жоргињо и Верати. Мора да имаме правилен пристап и став, затоа ги повикав играчите не само поради нивните имиња. Имам добар тим кој ми го остави Манчини во аманет што се вели. Го освои Европското првенство, помина 37 натпревари без пораз и им даде шанса на многу млади играчи, што е исто така важно“. – објасни Спалети, кој додаде дека во одбраната ќе биде со класични четири фудбалери и дека шанса за настап ќе имаат најдобрите.

„Сигурно ќе играме со четворица во одбраната. Наша цел ќе биде високо да го притискаме противникот. Во фудбалот постијат две работи, а тоа се пресинг и градење. Можеби нема да бидам најдобриот селектор што го имала Италија, но ветувам дека ќе бидам најдобрата верзија од Спалети“, рече новиот селектор на Италија на првата прес конференција.

- Оглас -

Најнови вести