Фудбалерите на Наполи вечерва со 2:0 како гости ја совладаа Салернитана во рамки на 19-то коло во Серија А и сигурно чекорат кон шампионската титула, а тренерот Лучано Спалети вели дека таквата шанса не смеат да ја пропуштат.
Наполи е лидер на табелата со 50 бода, 12 повеќе од Милан кој својот натпревар од 19-то коло го игра утре против Лацио.
„Знаеме дека ова е шанса која нема да се повтори и мора да се однесуваме во согласност со тоа. Ставотот мора да биде таков да не смееме да ги испуштиме можностите што ги имаме“, вели Спалети.
Наполи има две титули во клупската историја, а последен пат беше шампион во 1990 година кога прва ѕвезда на тимот беше легендарниот Аргентинецот, Диего Марадона.