Спалети: Оваа победа е како подарок за сите години жртвување што ги дадовме во обидот да стигнеме до Скудетото

Во меч со драматична завршница, Наполи со 1:0 го победи Јувентус во Торино и на тој начин тимот од југот на Италија покажа дека е подготвен сезонава да се израдува на титулата во Серија А. Наполи повеќе од 30 години чека трофеј во домашното првенство, а сега останува само теоретрски да го потврди овој успех.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети вели дека со оваа победа е ставена уште една тула во изградбата на патот кон трофејот во Серија А.

„Кога победувате во вака важни мечеви во финишот од сезоната, тоа само се редат тулите на ѕидот до остварување на конечната цел, а тоа е титулата. Им честитам на сите играчи за оваа важна победа. Воопшто не беше лесно да се фокусираат посебно поради фактот што пред само неколку дена бевме елиминирани од Лигата на шампиони. Сепак, уште не е готово. Ќе славиме дури откако ќе биде се готово. Ова што го правиме сега е одолжување за сите жртви што ги правевме низ годините наназад“, рече Спалети по победата во Торино.

- Оглас -

Најнови вести