Спалети: Победивме, но имаше моменти кога правевме и глупави грешки

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, изрази забелешки кон своите играчи, и покрај победата со 2:1 над Албанија во првиот натпревар од ЕВРО 2024. Спалети не е задоволен од односот на тимот во одредени моменти и од недостатокот на решителност мечот да се заврши со уште голови во противничката мрежа.

„Видов доста добри нешта, но од нив нема корист ако не водат кон ништо. Требаше да го повредиме противникот неколкупати, но не го направивме тоа. Почнувавме напади, стигнувавме некаде и одеднаш повторно ја враќавме топката назад“, изјави Спалети.

Тој потенцираше и дека тимот се чувствувал премногу самоуверено.

„Во второто полувреме Албанија крена глава, а нашите напади не беа опасни. Кога тргнувавме во напад, стигнувавме до шеснаесетникот, но како да се чувствувавме премногу самоуверени и не ги довршувавме работите. Победивме затоа што направивме многу работи правилно, но имаше моменти во кои сакавме да постигнеме гол, а правевме глупави грешки“, истакна селекторот на европскиот првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести