Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, откри дека првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис не бил сигурен дека треба да даде пари за купување на Хвича Кварацхелија, кој се покажа како екстра засилување и во моментов е еден од најдобрите фудбалери на светот, а имал сомнежи и за Кореецот Ким кој е столб на одбраната.
„Де Лаурентис имаше дилеми околу Квара и Ким. Разговаравме вечерта пред да ги потпишеме. Во минатото работев во Русија, се јавив на некои пријатели да дознаам малку повеќе за Грузиецот. Де Лаурентис беше скептичен поради разликите во руската лига и Серија А“ – откри Спалети.
Кварацхелија кој има 22 години, на 30 меча за Наполи има 14 гола и 16 асистенции.