Спалети призна грешка: Ако играчите се исцрпени, треба да повикаш други

Отпуштениот селектор на Италија, Лучано Спалети, кој ја знаеше својата судбина пред натпреварот со Молдавија, призна дека требало да избере посвежи играчи откако тимот тесно ја победи Молдавија со 2-0 во неговиот последен натпревар како предводник на Аѕурите.

Тој беше отпуштен по поразот од Норвешка од 0-3 во петокот.

„Вистина е дека се мачевме. Постојат многу фактори зад ова. Го задржав овој состав, но на крајот од сезоната играчите беа видливо исцрпени. Можеби да барав посвежи играчи ќе беше подобро, но реалноста е дека сите 25-мина повикани играчи беа во слична состојба. Сезоната ги исцрпи сите. Еден од главните проблеми беше што најтешкиот меч во групата, во Осло, се случи на самиот крај од сезоната. Само лоша среќа со ждрепката. Во септември ова ќе биде сосема поинаков тим, во видливо подобра форма, па времето не беше на наша страна. Кога си селектор на репрезентацијата, не можеш да имаш алиби затоа што ти ги бираш играчите. Ако видиш дека се исцрпени, мора да бараш други“, рече Спалети.

Тој си заминува по помалку од две години на чело на Италија.

„Секако, не го оставам наследникот со чувство на ентузијазам. Го оставам тимот точно на истото место на коешто беше кога го презедов. Тренерот мора да направи разлика. За жал, јас не ја направив“, рече Спалети со тажна насмевка.

- Оглас -

Најнови вести