Актуелниот европски првак Италија ги започна подготовките за дуелот против Македонија во квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Аѕурите во Скопје ќе пристигнат со нов селектор. По заминувањето на Роберто Манчини, Лучијано Спалети седна на селекторското место.
Тренингот започна со говор на селекторот Спалети.
https://twitter.com/i/status/1698717745217499647
На првата тренинг-сесија, репрезентативците беа поделени во два тима, а новиот селектор покажа дека планира да игра офанзивен фудбал, па ги нареди фудбалерите во формација 4-3-3.
Една од главните цели на Спалети е Италија да игра висок пресинг и да не му дозволи на противникот да развие своја игра. Дали тоа ќе му успее, ќе се види на првиот меч, и тоа на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
The very first thing Spalletti focuses on is Italy's pressing.
Live from Coverciano for @footballitalia pic.twitter.com/VmOkgQqdn0
— Lorenzo Bettoni (@LoreBetto) September 4, 2023